среда, 30 октомври 2024

Битката на унгарските пожарникари со „монструмот“ кај Јасен и Брезница низ видео запис

Унгарските пожарникари кои една недела го гаснеа пожарот во шумите кај Брезница и Тажево и кај ловиштето Јасен, а заминаа во неделата, за својот ангажман наравија запис составен од фотографии и куси видео инсерти.

Објавено на

часот

Сподели

Сторијата на унгарските пожарникари добро ја отсликува сериозноста на овој пожар, кој директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, постојано го нарекува монструм од пожар.

Пожарот беснее веќе 25 дена и секој ден носи неизвесност, зашто се работи за густа шума, за непристапен и во еден дел стрмен терен. Пожарот проголта огромни пространства густа, стара и квалитетна шума, пеплоса дел од селото Тажево, се закануваше да влезе во Брезница, ѝ се закани и на викенд населбата на езерото Козјак, ѝ се заканува на Белица.

Пожарот и според денешниот билтен на ЦУК е активен, секојдневно се разгорува на нови места потпомогнат од високите температури и ветриштата. Се гасне и од земја и од воздух. Ангажирани се и воениот и полицискиот хеликотер, гаснеа и германски, кипарски, словенечки и српски воздухоплови.

Пламени јазици таму има и денеска. Во билтетот на ЦУК секој ден е на прво место како најголем и најопасен пожар. Јавноста секојдневно очекува Стојанче Ангелов да изјави дека пожарот е изгаснат.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ