вторник, 28 мај 2024
Вицепремиерот за полисите за возилата

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат поскапувањето и парите да им ги вратат на граѓаните

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи реагира на, како што вели, едностраната одлука на осигурителните компании за менување на тарифата и зголемувањето на цените на задолжителната осигурителна полиса за регистрација на возила. Тоа е политичко мешање, пример за длабока држава која мора да се искорени, вели Битиќи и бара компании разликата во цената да им ја вратат на граѓаните.

Објавено на

часот

Сподели

„Згрозен сум од зголемувањето на сумата за задолжителна осигурителна полиса од страна на осигурителните компании. Ова може да се толкува и како директен атак, или политичко мешање на компаниите за осигурување, бидејќи тарифникот со тие зголемувања два пати е доставен до Владата и два пати не е одобрен на Владина седница.

Ова е манипулативен начин со кој надвор од предвидената процедура осигурителните компании изнаоѓаат начин да ја зголемат цената на авто осигурувањето на грбот на граѓаните.

Ова е пример за длабоката држава која мора да се искорени.Го повикувам ресорното Министерство за финансии и комисијата за заштита на конкуренција да постапат и да покренат постапка за олигополско здружување и осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните кои веќе платиле повисоки цени очекувам да им се компензираат средствата“, изјави Битиќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ