понеделник, 15 април 2024

Битиќи: JП „Стрежево“ струјата од фотоволтаичната централа ја продава на слободниот пазар

„Стрежево“ е првото претпријатие формирано од Владата кое изградило фотоволтаична централа чие производство на струја ќе го продава на слободниот пазар, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при посетата на ова јавно претпријатие.

Објавено на

часот

Сподели

Битиќи, како што соопшти владината прес-служба за време на посетата  на ЈП „Стрежево“ непосредно се запознал со неговото работење и направил кратка обиколка на новата фотоволтаична централа која неодамна е пуштена во употреба.

Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 500 kW, изградена со сопствени финансиски средства, без задолжување.

„Ме радува што имав можност да видам едно одговорно менаџирање, пример за тоа како треба да се управува со државна компанија. Покрај тоа што веќе претпријатието ја користи водата како обновлив извор на енергија со пет мали хидроцентрали, одлучува да направи дополнителен чекор кон користење и на сонцето како извор на енергија. Станува збор за фотоволтаична централа со инсталирана моќност од 500 kW, изградена со сопствени финансиски средства, без задолжување. 30.000.000 денари наместо да се потрошат на непродуктивни расходи, менаџментот одлучува да ги вложи во централа, која годишно ќе произведува околу 700.000 kWh електрична енергија“, истакнал Битиќи.

Според него, можеби ова е мал во обем капацитет на инсталирана моќност, но значен по амбицијата, по желба да се покаже дека едно јавно претпријатие може успешно да се раководи на сосема поинаков начин од оној на кој сме навикнати низ годините.

-Што е уште поважно, оваа капитална инвестиција се реализира без да се ускрати можноста за редовни и повисоки плати на вработените, кои во септември 2023 година се зголемени за 10 отсто, нагласил Битиќи.

Оваа централа, како што е наведено во соопштението, е едно парче од енергетскиот мозаик од обновливи извори во земјава во кој во последните 26 месеци се пуштени во употреба енергетски капацитети со моќност од 616,42 MW, што е доволно за снабдување со електрична енергија на 194.500 домаќинства.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ