петок, 26 јули 2024

Битиќи би прифатил да биде заеднички кандидат за претседател на државата на СДСМ и ДУИ

Ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда, изјави вицепремиерот Фатмир Битиќи вечерва во интервју за телевизија Алсат, како одговор на новинарско прашање дали би прифатил да биде претседателски кандидат.

Објавено на

часот

Сподели

„Имам номинација од значителен дел од ограноците во СДСМ. Сега е во тек процес за консултации и тоа треба да заврши со конгресот. Јас имам кажано дека ако се бара консензуален кандидат како што сум јас, тогаш би прифатил таква понуда“, изјави Битиќи.

Од СДСМ за можен консензуален кандидат за претседател на државата се разговара со актуелниот шеф на државата Стево Пендаровски, а се споменува и доскорешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ