петок, 24 јануари 2025
Изјава на вицепремиерот

Битиќи најави антикризни мерки во полза на пензионерите, учениците, самохраните родители…

Објавено на

часот

Сподели

Одговарајќи на новинарско прашање колку компании се блокирани поради неплатен данок на солидарност Битиќи рече дека според последните податоци бројот е мал, под 20. Уште не се блокирани  сите компании  и секојдневно се менува бројот.

„Средствата ќе бидат искористени за антикризни мерки што очекуваме утре да бидат на седница на Владата и се насочени најранливите категории граѓани, тука спаѓа најголемата група граѓани, пензионерите, кои ќе добијат одреден надомест неколку месеци,  како и ученици, студенти, самохрани родители, итн…Буквално, најранливите категории, опфатот ќе биде навистина голем, над 400 илјади граѓани ќе бидат опфатени со мерките, за тоа се користат средствата од солидарниот данок“, рече  Битиќи. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ