сабота, 27 јули 2024

Битиќи: Експертската група нема мандат да разговара за други промени освен внесување на Бугарите во Уставот

Објавено на

часот

Сподели

Битиќи во емисијата „200“ на ТВ Алсат изјавил дека освен промената на Преамбулата со вклучување на Бугарите во Уставот, експертската работна група нема мандат да разговара и за други промени во највисокиот правен акт на државата. Тој е уверен дека парламентарното мнозинство ги има потребните 80 гласови за уставни промени.

„Работната група која има мандат за уставни измени соопшти дека нема мандат ниту за измени, ниту за дискусии за други уставни измени, освен за оние кои се однесуваат на европскиот пат. Мислам дека нема пратеник Албанец кој ќе гласа против евроинтеграциите. Секоја друга дискусија ја гледам како дел од дневно-политичката агенда од различни причини. Убедени сме дека и во македонскиот опозициски блок разумот ќе надвладее и ќе направат мнозинство за уставните измени“, рекол Битиќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ