четврток, 29 февруари 2024

Бислимовски: Вложените пари во Митилинеос ќе се вратат

Ако можела и сакала државата до сега ќе изградела енергетски капацитет, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски. Се плашам од корупција ако државата реши да гради во енергетиката, приватниот инвеститор повеќе се грижи за парите од државата, додава Бислимовски во интервју за Радио Слободна Европа.

Објавено на

часот

Сподели

 За планираниот проект за когенеративната гасна централа на Митилинеос и планираните 50 милиони помош од државата, Бислимовски вели дека не станува збор за помош.

„Тие пари, преку данокот на добивка ќе се вратат назад во буџетот. Ние сега дискутираме ЕСМ да гради, односно државата. Ама јас ви тврдам ако една проектирана вредност на една инвестиција почне да ја прави ЕСМ, пред сè ЕСМ работи по Закон за јавни набавки, тоа ќе оди споро и со корупција. Само да нема корупција, да нема мито, да нема ништо, само заради начинот на кој што ни функционира нашиот Закон за јавни набавки, ние ќе имаме сериозен проблем да го имплементираме.

Прва невистина која што се кажува е во делот на цената за топлинска енергија. Значи, со самиот договор е предвидено да се применува методологијата која што ја утврди Регулаторната комисија за енергетика во однос на определување на цена на топлинска енергија произведена од когенеративна постројка. Речиси, повеќе од двојно, цената на когенеративната постројка, Те-То за топлинска енергија, е поевтина од цената на топланите. Истата таа методологија ќе ја примениме и за Митиленеос. Наместо да имаме цена од 5,3 денари, ќе имаме цена од 2,5 денари. Оваа топлинска енергија ќе води во централниот систем на топлинска енергија на градот Скопје, каде што имаме 58-59.000 потрошувачи. Апсолутно не е вистина дека топлинската енергија ќе одела само во еден дел во Железара, во Автокоманда и во Маџари“, вели Бислимовски.

За наводното затворање на Те-То, тој вели дека таа централа ќе си работи.

„Те-То е добар проект. Јас сум експерт, не навлегувам дали била руска, шпанска, италијанска. Тука е во Скопје, бисер ни е од технички аспект. Исклучиво ни помага во делот на стабилизирање на напонот на нашата мрежа и Те-То е одлична термоелектрана. Дај Боже да направевме уште 10 такви те-товци големи, мали, насекаде низ Македонија. Не ги направиме“, рече Бислимовски во интервјуто за РСЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ