„Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме елдорадо на инвестиции во обновливи извори. Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитети, со што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува 15 % во првите неколку месеци од годинава. Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно“ посочил Бислимоски.
Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармирал дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, додека реформите во енергетскиот сектор мора да продолжат без оглед на геополитичките случувања.
Претседателот Бислимоски ја презентирал иницијативата со која ранливите категории треба да добиваат повисока помош за сметките за топлинска и електрична енергија.
„Субвенциите ги намалија значајно сметките за електрична и топлинска енергија и овој бенфит е за сите граѓани, но сега треба да се зајакне механизмот кон ранливите категории и да добиваат поголема финансиска помош за сметките“, кажал Бислимоски.
РКЕ неодамна на 35-тото генерално собрание стана полноправен член на МЕДРЕГ, која обединува 27 земји членки кои припаѓаат географски на медитеранскиот регион.