недела, 19 мај 2024
Изјава на претседателот на РКЕ

Бислимоски од Атина: Ситуацијата на Блискиот Исток ќе влијае врз цената на нафтата

„Очекуван е ефект кон цените на нафтените деривати сега по случувањата со Иран и Израел. На состанокот на Енергетската заедница разговаравме и за тоа каква е положбата на земјите од кои доаѓаат регулаторите во заедницата кои се сите  целосно увозно зависни, освен делумно Србија“, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика кој во Атина учествува на состанокот на Бордот на регулатори на Енергетската заедница.

Објавено на

часот

Сподели

„Новите геостратешки случувања на Блискиот Исток потврдуваат дека нема предвидливост ниту пак извесност кога цените на енергенсите се во прашања. Очекувавме дека ова ќе биде конечно мирен енергетски регулаторен состанок, но едно е сигурно дека вонредната состојба е ново нормално за сите енергенси. Очекуван е ефект кон цените на нафтените деривати сега по случувањата со Иран и Израел. Разговаравме и за тоа каква е положбата на земјите од кои доаѓаат регулаторите во Енергетската Заедница. Сите сме увозно зависни земји на нафта, освен Србија што има мал обем на производство. Освен во секојдневното живеење, овој енергенс е тесно врзан и со стопанството и економијата воопшто како составен дел од функционирањето“, изјави Бислимоски во Атина за МИА.

Тој истакна дека внимателно и во согласност со одлуките од ОПЕК и со насоките од големите земји произведувачи на нафта ќе се преземаат чекори за да се амортизира евентуален ценовен удар.

„Паралелно сите се соочуваме со сајбер напади на енергетската критична инфраструктура. Потребно е да се зајакне овој сегмент, затоа што последиците можат да го узрпираат функционирањето на електроенергетскиот систем“, рече претседателот на РКЕ.

На денешниот состанок Бордот на регулатори на Енергетска заедница ќе одбере нов претседател на Бордот, со оглед на тоа дека Бислимоски во декември го заврши вториот мандат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ