сабота, 27 јули 2024

Бислимоски на средба со ЕЗ за функционирањето на регулативата во време на енергетската криза

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски го запозна директорот Лорковски за потребата од воведување на реформа на тарифниот модел и ги сподели првичните информации кои покажуваат дека еден отсто од домаќинствата трошат 20 отсто од електричната енергија од домашниот производител ЕСМ.

„Тимови од Електротехничкиот факултет и од Машинскиот факултет прават детални анализи врз основа на кои треба да се дефинираат блоковите, за кои ќе има и јавна расправа. Интересен е фактот дека енергетската криза ги направи проактивни домашните компании кои за да заштедат и да го намалат ценовниот удар од електричната енергија што ја набавуваат од слободниот пазар инсталираат фотоволтаични електро централи и сами си ја обезбедија неопходната количина за електрична енергија. Во изминатиот период капацитетот на фотоволтаичните електроцентрали кои се на покривните конструкции од погоните и дирекциите на компаниите се во вкупна моќност како ХЕЦ Света Петка“, посочи Бислимоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ