сабота, 27 јули 2024
Претседателот на РКЕ со обраќање во Солун

Бислимоски: Енергетската криза ја победивме со капацитетите од поранешна Југославија

Објавено на

часот

Сподели

„На крајот од кризата можеме да заклучиме дека стабилноста во испораката не беше доведена во прашање, туку цената која беше неколку кратно зголемена на берзите беше клучен тригер за компаниите да започнат со агресивното инвестирање во обновливи извори. За само една година, инсталираниот капацитет преку приватната иницијатива е зголемен за 8 отсто, а ова година очекуваме да стигне и до 15 отсто. Елдорадото на инвестиции во обновливи извори ја намали увозната зависност на земјава која од 30, сега е намален на само 11 отсто“, изјави Бислимоски.

Соговорниците од енергетскиот сектор, меѓу кои и универзитетските професори, како и високи политички претставници од земјите од регионот се согласија дека кризата ја „разбуди“ Европа која, пак, подготви економски – инвестициски план со фокус на енергетиката и финансиски пакет за поддршка за економиите за амортизација на ефектите од енергетската криза кои се директна последица од војната.

„Ние, како држава имплементиравме се што бара Европската Унија од нас кога е во прашање енергетиката, затоа верувам дека ЕУ драматично ќе ја зголеми финансиската поддршката кон земјите од Балканот“, рече Бислимоски.

Меѓународниот настан „Лидерски дијалог во Југоисточна Европа “ 2023 Beyond International Expo, се одржува од 24 до 26 мај во Солун

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ