петок, 25 октомври 2024

Биотек го прослави својот 25-годишен јубилеј

На спектакуларен настан со над 600 гости, регионалната компанија Биотек (Biotek Solutions) го прослави својот 25-годишен јубилеј.

Објавено на

часот

Сподели

Biotek Solutions, водечката компанија во областа на лабораториска опрема и лабораториски потрошен материјал за клинички и индустриски сектор присутна во Македонија, Косово, Црна Гора, Албанија, Србија, како и сопственик на поликлиника и ланец на Биотек лаборатории и процесна автоматизација приреди свечен настан на кој присуствуваа многу влијателни личности, како од здравствениот, така и од бизнис секторот од Македонија и регионот.

Настанот кој се одржа на 22 октомври, беше исполнет со музичко – уметнички перформанс кој ги воодушеви присутните. Уникатен аспект на вечерта беше презентацијата на молекуларната исхрана, која понуди иновативен и гастрономски спектакл за сите гости.

Во своето обраќање, генералниот директор на Биотек, Анкица Синадинова Базерко истакна: „Заедно прославуваме 25 години постоење, 25 години на извонредност, патување низ револуционерни проекти, бројни награди и достигнувања на кои сме денес сите многу горди.“

Настанот беше воедно и можност да се осврне на достигнувањата на компанијата, да се заблагодарат на партнерите и соработниците и да се најави иднина полна со нови решенија и технологии за подобрување на здравствениот сектор.

Компанијата континуирано се проширува и обезбедува лаборатории ширум регионот, како со инструменти, потрошен медицински материјал, така и со апликации, услуги и експертиза. Експертизата на Biotek Solutions и доверливата соработка даваат најголема доверба во решенијата и од 2016-та година со процесна автоматизација во секоторите енергетика, водоводи и индустрија.

Биотек продолжува да го следи својот иновативен пат, со визија за уште многу успешни години.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ