понеделник, 16 декември 2024

Биолошките лекови што недостасуваа на Клиниката за онкологија, достапни за пациентите

Двата биолошки лека кои недостигаа на Клиниката за онкологија од денеска ги има за пациентите, изјави министерот за здравство Арбен Таравари. 

Објавено на

часот

Сподели

„Среќен сум да известам дека сите пациенти за кои недостигаше, од денеска ги имаат и овие два биолошки лека“, изјави Таравари на настан на кој беше најавен проект за унапредување на образованието за медицински сестри и акушерство.

Соопшти дека постојано е во комуникација со директорот на Онкологија и дека доцнењето се должело на тендерските процедури.

„Не е дека тој згрешил нешто. Процедурите за набавка на одредени лекови траат и ако објавите пред три месеци тендер  за тие лекови, мора да причекате и време на жалба  и одредени процедури. Бидејќи се работи за меѓународни тендери потребно е време. Има прекин од само неколку дена, меѓутоа јас сум за тоа и тогаш да се алармира“, рече министерот за здравство

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ