сабота, 19 октомври 2024

Бимилк и СОС детско село ја продолжуваат соработката

Објавено на

часот

Сподели

Компанијата Бимилк како дел од својата политика за општествена одговорност е долгогодишен поддржувач на СОС детско село преку донации од големиот асортиман на нивните производи, при што децата од СОС детско село долги години растат со млекото и млечните производи на Бимилк.

„Создавањето на ова стратешко партнерство е следниот чекор по долгогодишната соработка што ја имаме со СОС Детско село и претставува вистински придонес за една исклучително благородна мисија – овозможување генерации деца да растат во топол дом. Со станувањето дел од оваа мисија Бимилк ја унапредува и развива својата општествена одговорност што преминува во долгорочна цел за децата од оваа организација со која овозможуваме што повеќе генерации да растат со нашите производи, како што сите растеме заедно со производите на Битолска млекара“, истакна Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

За СОС Детско село стекнувањето на стратешки партнер и продлабочување на соработката со Битолска млекара е посебно корисно и потребно во период кога се зголемуваат капацитетите на организацијата и потребата од згрижувачки семејства.

„Со зголемување на бројот на згрижувачките семејства поддржани од СОС Детско село во 2023 година, пријателството со Бимилк е чекор што ќе ја осигура нашата работа и мисија. Горди сме и благодарни на оваа транзиција со Бимилк, од пријатели кон стратешки партнери каде што заедно ќе ја остваруваме мисијата“, велат од СОС детско село.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ