четврток, 9 јануари 2025

Бимилк добитник на Орден за мир за 2024 година од Детска aмбасада за сите деца во светот

Млекара АД Битола е одликувана со престижниот Орден за мир за 2024 година од Детска амбасада за сите деца во светот, со што се признава значајниот придонес на компанијата за поттикнување на хумано општество и поддршка на развојот на децата. Ова признание ја истакнува посветеноста на компанијата со фокус на благосостојбата на заедницата и развојот на младите да придонесе надвор од основните деловни операции.

 

Објавено на

часот

Сподели

Наградата беше доделена на 7 јануари на традиционалниот Божиќен ручек во Прилеп, организиран од Детската амбасада за сите деца во светот, каде беа истакнати организациите и поединците кои активно придонесуваат за подобро општество. Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк, ја прими наградата во име на компанијата, истакнувајќи ја нејзината посветеност на вредностите на заедницата.

„Ова признание е одраз на принципите на Бимилк и заложбите за создавање подобро општество за идните генерации. Како компанија, не сме фокусирани само на испорака на квалитетни производи, туку и на поддршка на заедницата од која сме дел и во која вложуваме на секој можен начин за да ја подобриме. Децата, нивната среќа и здраво детство се мотивот и поттикот за сите наши напори бидејќи тие претставуваат основа за подобро утре. Добивањето на Орденот за мир нѐ инспирира да продолжиме уште поинтензивно да придонесуваме за нивниот раст и развој и служи како доказ за овие напори, признавајќи ја улогата на компанијата во промовирањето на вредности кои го надминуваат економскиот успех“, истакна Петрушев по повод добивањето на признанието.

„Околу 400 деца од повеќе делови на земјава по 19-ти пат денеска традиционално седнаа на заеднички Божиќен ручек во Прилеп. Како и секоја година нашата порака е во рамките на нашето мото Едно небо за сите деца, а тоа значи децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата и сите ние заеднички да придонесуваме кон градење на нашето општество, бидејќи децата се нашата иднина“, изјави Александра Северкоска Стојаноски, извршен директор на невладината организација.

Бимилк е препознатливa по своите социјални иницијативи, кои вклучуваат кампањи и активности насочени кон подобрување на образовните можности, поддршка на децата во социјален ризик и поттикнување на развојот на заедницата. Од обезбедување помош за училиштата и локалните организации до ангажирање во значајни соработки, компанијата постојано демонстрира како бизнисите можат да поттикнат позитивни социјални промени. Со силна верба во моќта на колективното дејствување, компанијата останува посветена на програмите кои поттикнуваат раст, инклузивност и можности за сите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ