четврток, 26 декември 2024

Било тесно на врвот: Родри го победил Вини за „Златната топка“ со само 41 поен разлика

Весникот Л’Екип откри повеќе детали од изборот за најдобриот фудбалер во годината, Родри го победил Винисиус Жуниор со само 41 поен разлика.

Објавено на

часот

Сподели

На крајот од октомври месец, на гала церемонија во Париз беше доделена „Златната топка“ и оваа престижна индивидуална награда заврши во рацете на Родри од Манчестер Сити.

Изборот покрена голема дебата и полемики, многумина веруваа дека Винисиус Жуниор од Реал Мадрид требал да биде избран за најдобриот фудбалер во годината.

Весникот Л’Екип сега откри повеќе детали и објави дека Родри го победил Винисиус Жуниор со само 41 поен разлика.

За победникот гласале 99 новинари (не гласал новинарот од Сирија) и сите одбрале 10 имиња, со тоа што се доделуваат 15, 12, 10, 8, 7, 5, 4. 3, 2 и 1 поени од прво до десето место.

Родри на крајот собрал 1.170 поени, додека пак Винисиус Жуниор 1.129 поени.

Пет новинари не го вметнале Родри помеѓу најдобрите десет, додека пак во случајот на Винисиус Жуниор, тоа го сториле тројца новинари.

Покрај Родри и Винисиус Жуниор, уште седум други фудбалери барем еднаш биле одбрани како прв избор: Белингем (5), Карвахал (4), Крос (2) а по еднаш биле Мбапе, Халанд, Мартинез и Лукман.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ