сабота, 27 јули 2024

Билд: Фон дер Лаен полека ја губи поддршката на челото на ЕК, во игра за нејзин наследник се Пленковиќ и Мицотакис

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен полека ја губи поддршката на конзервативната група европски партии ЕПП за нов мандат на челото на Комисијата и веројатно ќе ја заменат или грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ или претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола, изјавиле извори од политичкиот врв на Европската Унија за Билд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што пишува германскиот весник, и Пленковиќ и Мицотакис веќе изразиле интерес за понудата да бидат кандидати за наследник на Фон дер Лаен.

Изворите навееле дека Фон дер Лаен нема поддршка за нова кандидатура за местото претседателка на Европската комисија дури ни во својата Христијанско-демократска унија (ЦДУ).

Изворите за Билд наведуваат дека во прилог на тоа тврдење зборува фактот што ЦДУ во тековната кампања за изборите за Европскиот парламент не користи плакати со фотографии од актуелната претседателка на ЕК.

Билд оценува дека поради потезите на Фон дер Лаен за време на сегашниот мандат се разочарани коалициските партнери на ЕПП, како на пример Зелените кои не се задоволни од темпото на зелената транзиција на ЕУ, како и десничарите, кои по секоја цена сакале да спречат избор на кандидат на левицата за претседател на Комисијата, а сега на Фон дер Лаен ѝ замеруваат за недоволно десна политика.

Весникот ја истакнува и аферата со нетранспарентната набавка на вакцини против короната произведени од Фајзер, како и на силните критики за Фон дер Лаен поради нејзиното поставување на страната на Израел во конфликтот со Хамас и Иран.

Билд оценува и дека за Фон дер Лаен дополнителен проблем е ужасно слабата популарност и уништениот углед на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ѝ беше силна поддршка во доаѓањето на челото на Европската комисија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ