Како што пишува германскиот весник, и Пленковиќ и Мицотакис веќе изразиле интерес за понудата да бидат кандидати за наследник на Фон дер Лаен.
Изворите навееле дека Фон дер Лаен нема поддршка за нова кандидатура за местото претседателка на Европската комисија дури ни во својата Христијанско-демократска унија (ЦДУ).
Изворите за Билд наведуваат дека во прилог на тоа тврдење зборува фактот што ЦДУ во тековната кампања за изборите за Европскиот парламент не користи плакати со фотографии од актуелната претседателка на ЕК.
Билд оценува дека поради потезите на Фон дер Лаен за време на сегашниот мандат се разочарани коалициските партнери на ЕПП, како на пример Зелените кои не се задоволни од темпото на зелената транзиција на ЕУ, како и десничарите, кои по секоја цена сакале да спречат избор на кандидат на левицата за претседател на Комисијата, а сега на Фон дер Лаен ѝ замеруваат за недоволно десна политика.
Весникот ја истакнува и аферата со нетранспарентната набавка на вакцини против короната произведени од Фајзер, како и на силните критики за Фон дер Лаен поради нејзиното поставување на страната на Израел во конфликтот со Хамас и Иран.
Билд оценува и дека за Фон дер Лаен дополнителен проблем е ужасно слабата популарност и уништениот углед на францускиот претседател Емануел Макрон, кој ѝ беше силна поддршка во доаѓањето на челото на Европската комисија.