петок, 25 октомври 2024

Билд: Берлински проповедник го радикализираше терористот кој сакаше да нападне на концерт на Телјор Свифт

Австриската полиција вчера извести за плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт, откако 19-годишник со македонски корени признал сè и детално опишал како имал намера да го изврши нападот. Заедно со него се уапсени и 17-годишниот Лука кој има хрватско-турски корени и 15-годишник со турски корени.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

19-годишниот терорист планирал да се убие себеси и голем број луѓе кои ќе го слушаат концертот на Тејлор Свифт пред стадионот. Се проценува дека пред стадионот би имало околу дваесет илјади луѓе. 17-годишникот е уапсен од полицијата пред стадионот, но неговиот адвокат тврди дека нема никаква врска со тероризам, ниту пак планирал да нападне.

Германскиот Билд денеска пишува дека 19-годишниот, кој пред околу еден месец се заколнал на верност на Исламската држава, бил радикализиран преку Интернет и дека го радикализирал берлинскиот проповедник на омраза Абул Бараа, чие вистинско име е Ахмад Армих. Билд се повикува на извори од тајните служби.

До 2020 година Бараа бил во џамијата Ас-Сахаба во Берлин, во која полицијата во 2018 година изврши рација под сомнение за финансирање тероризам и која сега е затворена.

Билд потсетува дека Бараа одржувал врски преку џамијата со водачите на исламистичката сцена и, во некои случаи, со насилниот џихадистички салафизам. По затворањето на џамијата, тој најголемиот дел од своите активности ги префрлил на интернет, на социјалните мрежи преку кои допира до илјадници следбеници.

Германската канцеларија за заштита на Уставот веќе предупреди за него: „Затворањето на неговата берлинска џамија и пандемијата на корона доведоа до поголем ангажман на социјалните мрежи. Таму неговата реторика и неговиот стил на презентација се особено популарни меѓу младите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ