четврток, 26 декември 2024

Бил осуден на затвор од 20 години, го барале со потерница, па вчера го фати полицијата

Криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години вчера, во 17:10 часот, бил уапсен на ул. Џумајска во Скопје. Д.Б. (45) од Скопје бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од 20 години, во врска со повеќе кривични дела.

Објавено на

часот

Сподели

„При преглед кај лицето, пронајдени се фалсификувани хрватска патна исправа, лична карта и возачка дозвола. Д.Б. ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа“, соопштуваат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ