сабота, 27 јули 2024

Бил Гејтс вели дека нова пандемија е веројатна за 20 години

Објавено на

часот

Сподели

„Човечката популација расте и ние навлегуваме во сè повеќе екосистеми. Затоа предвидувам дека има 50 проценти шанси да имаме нова пандемија од природно потекло во следните 20 години, како резултат на климатските промени“, рече Гејтс.

Гејтс, кој неодамна ја објави книгата „Како да се спречи следната пандемија“, објасни дека следната пандемија може да биде грип, нов тип на вирус од семејството на коронавирус, па дури и вирус направен од човек, кој тој го оцени како „многу застрашувачко сценарио“.

Значи, колку и да беше мизерен ковид, тој не беше „Големиот”. Според Бил Гејтс, тоа сениште не чека во не толку далечна иднина, па затоа би ни било паметно да започнеме со подготовки сега.

Најмногу од сè, пишува тој во својата книга, треба да „вежбаме, вежбаме, вежбаме” со одржување на редовни пандемични вежби и со финансирање тим од 2.000 глобални пандемични пожарникари – Гејтс, кој сака акроними, го означи овој тим како „Герм”, кратенка за Глобална реакција и мобилизација на епидемија.

Колку катастрофалнa е пандемијата стана јасно претходно овој месец кога Светската здравствена организација објави извештај во кој се проценува глобалниот број на смртни случаи поради пандемијата на 15 милиони – скоро три пати повеќе од официјалниот број на смртни случаи од ковид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ