Бил Гејтс во изјава за американскиот весник ниту ги потврди, ниту ги демантираше наводите за донацијата, но рече дека „овие избори се поинакви“.
Како што објави њујоршкиот дневен весник, Гејтс е загрижен поради економската политика на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и можните кратења во однос на планирањето на семејството и глобалните здравствени програми, кои се клучни прашања за Здружението Бил и Мелинда Гејтс.
Поранешната сопруга на Бил Гејтс, Мелинда, исто така ја поддржа Харис и даде голема донација за нејзината изборна кампања.
Наводите за донацијата на Гејтс се појавуваат во време кога се менуваат прогнозите за шансите на Камала Харис да го победи Трамп на претстојните претседателски избори.
Платформата Полимаркет, која се занимава со предвидување на изборните резултати врз основа на обложувачкиот пазар, предвиде дека Трамп има 64 отсто шанси да победи на изборите, кои ќе се одржат на 5 ноември.
Милијардерот Стенли Друкенмилер минатата недела во интервју за Блумберг рече дека експертите на пазарот сметаат на победа на Трамп.