петок, 18 октомври 2024

БиХ закажа меч со Бразил, ние со Луксембург… после Цацко ни е крив

Објавено на

часот

Сподели

Мојсов и Торес на дуелот Македонија-Шпанија во Скопје

Стадионот на клубот кој годинава го исфрли Манчестер јунајтед од Лигата на шампионите (капацитет 20.000 столчиња) ќе биде претесен за овој спектакл, интересот е огромен иако цената на билетите уште не е позната, зашто тоа треба да го одреди швајцарската федерација, во соработка со организаторите.

Македонија досега само еднаш имала атрактивен противник за пријателски меч од рангот на Бразил и Аргентина, и тоа актуелниот светски првак Шпанија, која гостуваше летото 2009 година на отворањето на северната трибина на арената „Филип Втори“. Шпанците тогаш дојдоа бесплатно, но исто така, за без пари ги добија и ТВ правата, што е единствен начин да се извадат трошоците за ваков спектакл.

Сигурно дека луѓето од ФФМ ќе пробат да се оправдаат со фактот дека БиХ стана позната поради играњето на бараж за пласман на Евро 2012 година, па поради тоа полесно им е да закажат дуел со Бразил, но на Босанците ова ќе им биде втор меч со „кариоките“ – првиот е одигран во 1996 година, кога нивната селекција беше со многу понизок ранг од Македонија. Од поранешните ЈУ-републики, и Хрватска и Србија и Црна Гора (последните две како СР Југославија) играле контролки со Бразил и со Аргентина. Македонија во историјата има добиено понуда за гостување на Аргентина во Скопје, но тогашните челници на „куќата на фудбалот“ оценија дека тоа би било скапа занимација за нив.

На последниот брифинг на ФФМ беше соопштено дека е потпишана авторизација со менаџерска компанија, за да се договараат пријателски средби со учесничките на Евро 2012, во нивниот подготвителен период. Да се надеваме на дуел со Германија, Англија, Италија или ќе се „надигруваме“ со домаќините Полска и Украина?

Златко Крстевски

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ