сабота, 27 јули 2024

БиХ: Судењето на Додик закажано за 16 октомври

Почетокот на судењето на Милорад Додик, претседателот на Република Српска, е закажано за понеделник, 16 октомври, соопшти Судот на Босна и Херцеговина.

Објавено на

часот

Сподели

Додик би требало тогаш да се изјасни за вината, како и вршителот на должноста директор на Службениот весник на РС Милош Лукиќ.

Обвинителството на БиХ поднесе обвинение против Додик и Лукиќ за непочитување на одлуките на Кристијан Шмит, кого политичките претставници од РС не го сметаат за висок претставник и истакнуваат дека неговото именување не е потврдено во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Адвокатите на Додик и Лукиќ во приговорите навеле дека „кривичното дело за кое Додик е обвинет не постои, бидејќи Шмит е нелегален“.

Судот на БиХ ги одби на 9 октомври како неосновани приговорите на адвокатите, потврди Судот на БиХ.

Два пати се одбиени барањата на одбраната за изземање на судијката Јасмина Дедовиќ Ќосиќ, која обвинението го потврди и потоа ги одби приговорите.

Народното собрание на Република Српска усвои закони во врска со необјавувањето на одлуките на високиот претставник и неприменување на одлуките на Уставниот суд на БиХ.

Шмит потоа донесе одлука за нивно поништување.

Додик потпиша указ за стапување на сила на овие закони, а Лукиќ ги објави во службениот весник на РС.

Шмит со поништувањето на законите на РС ѝ наметна и измени на кривичниот закон на БиХ, според кој непочитувањето на одлуките на високиот претставник е кривично дело.

Дополнетото обвинение против Додик и Лукиќ е поднесено на 24 август, а Судот на БиХ го потврди на 11 септември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ