сабота, 27 јули 2024

БиХ: Момче од Бихаќ најавило пукање во училиште како тоа во Белград, известена е полицијата

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за момче кое е поранешен ученик на Мешаното средно училиште Бихаќ.

„Она момче што уби осум деца е крал за мене. Такво нешто и јас спремам веќе подолго време за економското училиште во Бихаќ. Ќе биде незапаметен масакр во Бихаќ, во тоа ви се колнам со животот. Кога знаевте сите да ме осудувате и избегнувате, поради тоа ќе има терор“, напишало момчето на социјалните мрежи.

Веднаш следело и соопштение на Мешаното средно училиште.

„Ги известуваме сите ученици на нашето училиште, како и нивните родители, дека поради ситуацијата која настана поради објавата на нашиот поранешен ученик З.А. нема потреба за паника. Надлежните органи се уредно и на време известени и реагираа во согласност со своите овластувања“, се наведува во соопштението.

Страшното убиство кое се случи во белградското основно училиште го потресе целиот регион.

13-годишниот К.К., ученик во седмо одделение во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, вчера во училиштето пукаше во ученици, наставничка и обезбедувањето. Убиени се осум ученици и работник на обезбедувањето, а шест деца и една наставничка се повредени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ