сабота, 27 јули 2024

БиХ губи 200 милиони евра годишно поради нелегални тутун и цигари од Косово

Босна и Херцеговина годишно губи околу 200 милиони евра поради нелегалниот тутунски пазар кој главно се однесува на употребата на тутун и цигари кои нелегално се увезуваат од Косово, покажало истражување на Ипсос спроведено меѓу корисниците на тутун.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според резултатите на истражувањето, објавено од Независне новине, и покрај големиот број акции спроведени од полициските агенции и обвинителствата, околу 35 отсто од тутунскиот пазар во таа земја се нелегални.

„Нелегалната потрошувачка на тутунски производи денес во Босна и Херцеговина достигнува високи 35 отсто. Тоа што особено загрижува е што шверцерите нашле нови канали за дистрибуција, а нелегалните цигари од Косово или без даночни маркички стануваат сè повообичаени на пазарот во БиХ“, вели економскиот аналитичар Фарук Хаџиќ.

Истражувањето на Ипсос покажало дека во текот на минатата година вкупната потрошувачка на нелегалниот тутун изнесувала 2.019 тони.

Поради тоа БиХ годишно губи околу 400 милиони марки, или 200 милиони евра, приход, што е еквивалентно на половина на парите потребни за изградбата на најдолгиот, 11 километри долг тунел низ планината Прењ, кој треба да ги поврзува Херцеговина и Босна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ