„Во тек е забрзана процедура во Советот на министри на БиХ да се донесат потребните одлуки. Да немаше непотребно одолговлекување, пожарот до сега ќе беше изгасен, но тој во моментот се шири и одлучивме да побараме помош за да не ја зафати прашумата Перуќица“, кажа Хелез.
Тој најави дека во текот на денот со началникот на Здружениот штаб на оружените сили на БиХ Гојко Кнежевиќ ќе отиде на лице место.
Помош во гасењето на пожарот над Тјентиште на хеликоптерскиот сервис на Република Српска, пожарникарите, вработените на Националниот парк Сутјеска и припадниците на Цивилната заштита на РС, од утринава им пружаат два хеликоптери на оружените сили на БиХ, но сите заедно не успеваат да го стават пожарот под контрола и да спречат негово можно ширење на прашумата Перуќица.