сабота, 27 јули 2024

Биелса ќе биде наследник на Гвардиола

Објавено на

часот

Сподели

Биелса е избор на актуелниот претседател Сандро Росел, кој во Аргентинецот гледа фантастичен наследник на системот што го воспостави Гвардиола, пред сѐ форсирањето атрактивен и напаѓачки фудбал. Со ваков пристап Биелса ги придоби срцата на неутралните фудбалски навивачи како кормилар на селекцијата на Чиле на Мундијалот во Јужна Африка.

Гвардиола со триумфот на Светското клупско првенство минатиот месец стигна до 12-тиот трофеј во кариерата и е најтрофеен тренер на Барселона во историјата, па новите трофеи во мај, според шпанските весници, ќе го презаситат младиот стручњак, на кој летово му завршува договорот и е под прашалник дали ќе го продолжи. Според шпанските медиуми Гвардиола е на пат да го наследи сер Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед.

За изборот за Биелса за наследник кај водството на Барса пресуди и фактот што Гвардила при неговата инаугурација ги посочи Јохан Кројф, Луј Ван Гал и токму Биелса како свои идоли. Инаку Биелса во мај 2010 година фигурираше како кандидат за местото тренер на Реал Мадрид, но Жозе Мурињо го презеде „кралскиот клуб“.

Аргентинецот во својата кариера има олимписко злато со Аргентина од ЛОИ во Атина во 2004 година, но не се покажа во најдобро светло две години претходно, на Мундијалот во Јапонија и Јужна Кореја. Беше тренер на Велез Сарсфилд и на мексиканските Атлас и Америка, а е легенда на Њувилс Олд Бојс, клубот каде што своите фудбалски почетоци ги имаа Габриел Батистута и моментно првата светска виолина Лионел Меси. Инаку, стадионот на Њувилс го носи името на Биелса.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ