Истражувањата покажуваат дека загадувањето на воздухот, водата и земјата негативно влијае на здравјето на луѓето и екосистемите. Според податоците од Светската здравствена организација, загадениот воздух предизвикува преку 4,2 милиони смртни случаи годишно. Отпадоците кои се фрлаат во океаните ги загрозуваат морските животни и ги затруднуваат животните во морските екосистеми. Од друга страна, одржувањето на зелени простори и засадувањето на дрвја помага во намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид и влијае на подобрување на квалитетот на воздухот. Почитувањето на природата не само што го одржува балансот во екосистемите, туку и создава благодатни услови за здрав живот.
Загаденоста во Македонија е сериозен проблем, особено во градските области како Скопје, Битола, Тетово, каде што емисиите од возилата, индустријата и домувањето предизвикуваат загадување на воздухот. Младите луѓе често не се свесни за влијанието на своите постапки врз природата и не ја почитуваат околината. Отпадоците се фрлаат непропорционално, а недостатокот на еколошка свест за заштита на природата дополнително влијае врз загаденоста и неквалитетниот воздух.
Преку имплем,ентација на проектот за кревање на свеста за заштита и почитување на природата, добива уште поголема релевантност и значење. Целта не е само да ги мотивираме младите луѓе да се вклучат во активности за заштита на природата, туку и да ги образуваме за важноста на оваа тема.
„Екстремно е значајно да се работи на подигнувањевна свеста за заштита на природата и зголемување на свеста особено кај младите за заштита на природата. Преку различни активности во рамките на проектот се надеваме дека ќе влијаеме да се зголеми свеста и да се чува природата“, вели Синиша Пекевски од Концепт плус.
„Ние како компанија се грижиме за заштита на природата и секогаш подржуваме активности кои се во насока на зајакнување на свеста за заштита и чување на природата“, рече Ален Адиловиќ, менаџер на Грин ленд.
Предвидено е проектот да трае до 31 август, но Концепт плус ќе продолжи со имплементација и по тој период заради огромната важност на оваа тема за населението. Проектот го спроведува Концепт плус од Скопје, и е финансиски поддржан од Министерство за животна средина и просторно планирање и од колективниот постапувач за управување со масла и отпадни масла, Грин ленд груп.