сабота, 27 јули 2024

Биди моќен и впечатлив Бос маж оваа есен

Објавено на

часот

Сподели

Нивното мото #beyourownboss е сѐ уште актуелно и ги охрабрува мажите да бидат свои и да се одлучат за храбри и секогаш стилски комбинации.

ц

А модните комбинации кои тие ги препорачуваат за следната сезона се моќни и впечатливи, без разлика на пригодата.

џ

Минимализмот повторно е централен, ја има дозата на строго германско потекло кое е во нивната модна ДНК, но истовремено порачуваат дека ниту овојпат не ја забораваат лежерноста и удобноста која во последните години е примат.

Дуксери и маици со логото на брендот се нешто што веќе e класика и што секој маж треба да го поседува ако сака да биде дел од тимот на Boss!

ц

Генерално, дуксерите во себе го имаат спојот на она што можеби во модниот свет не постои како термин, но како естетика да – спортска елеганција! Но, овој бренд, не можеме да го замислиме без совршените костими, па и за оваа есен оттаму препорачуваат неколку модели од строг до лежерен крој, од работна до вечерна варијанта, за во секој момент да се искаже мажественоста.

ц

Есенската колекција вклучува и кожни јакни, бомбер модели, „шушкавци“, но и мантили, лежерни, елегантни капути…

И секако, не забораваме на додатоците за приказната комплетно да биде Boss – од внимателно дизајнирани чорапи и долна облека, преку ремени, до капи, чанти и обувки – заокружи ја оваа модна приказна како што ти посакуваш!

Ако судиме по естетиката за оваа есен, ќе биде вистински предизвик и за жените да оддолеат на Boss шармот!

Новата колекција е веќе во продавниците на брендот, а неодоливата понуда која е љубов на прв поглед можете да ја разгледате и на www.fashiongroup.com.mk.

                                                                                                                                      Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ