среда, 6 ноември 2024

Би-би-си: Во некои демократски кругови почна „обдукцијата“

Во некои кругови на Демократската партија, обдукцијата веќе започнува и покрај тоа што резултатот сè уште не е официјално објавен, објави Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Еден демократски политички оперативец во Вашингтон пратил порака дека партијата „за почеток треба да ги исфрли елитистичките снобови во Вашингтон“.

Други го велат истото, вели дописникот, иако помалку отворено – дека иако ги фалат напорите на кампањата, сметаат дека партијата како целина има „проблем со имиџот“ во време кога приоритет за повеќето гласачи се основните, секојдневни работи, како што се трошоците за живот.

Овој демократски очај, вели дописникот на Би-би-си, потсетува на разговорот што на еден митинг на Трамп го имал со републиканец, кој рекол дека нивниот кандидат целосно ја „преобликувал“ републиканската партија од стереотипот за кантри-гласачи до привлекување на семејствата од работничката класа, додека демократите станале „партија на Холивуд“.

Ова се големи генерализации, но републиканците јавно, а некои демократи приватно, сега ги споделуваат, вели Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ