петок, 25 октомври 2024

Би-би-си: Упадот во Курск забавува, Украинците сѐ поранливи

Напредувањето на украинските сили во Русија последниве денови е забавено и најверојатно наскоро ќе достигне точка кога ќе запре, јавува Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додека Украина оди напред, ќе има сѐ повеќе логистички предизвици, првенствено во снабдувањето на офанзивните сили со муниција, храна и гориво.

Сепак, тоа не е значајна пречка со оглед на тоа што војниците сѐ уште се на 50 километри од сопствената граница. Многу поголем проблем ќе биде задржувањето на освоената територија, барем доволно долго за таа да стане поголем политички проблем за претседателот Путин и руската војска.

Веќе има докази дека украинските сили се вкопуваат во регионот Курск и градат одбранбени утврдувања. Но овие позиции ќе станат магнет за руските напади.

Москва веќе објави снимка од нејзините воздухопловни сили што користат крстосувачки бомби за да ги гаѓаат украинските позиции на нејзината страна од границата. Истото оружје имаше разурнувачки ефект во источна Украина.

Џастин Крамп, поранешен офицер на британската армија, кој сега ја води консултантската фирма Сибилин, вели дека со текот на времето украинските сили преку границата ќе станат сѐ поранливи на руските напади. Тој вели дека ќе се зголемат шансите Русија да ги нападне линиите за снабдување на Украина и ефикасно да ја искористи својата воздушна моќ.

Украинскиот морал, кој порасна со офанзивата во Курск, наскоро би можел да потоне ако и ова стане уште една тешка, статична битка, вели Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ