сабота, 1 март 2025

Би-би-си: Ова е најлошото сценарио за Украина, амбасадорката се фати за глава

Состанокот во Овалната соба, од украинска перспектива, беше најлошото сценарио, вели Би-би-си, откако посетата на Зеленски во Белата куќа беше прекината по жестоката расправија со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс. Трамп го обвини Зеленски за „непочитување“ за време на разговорите во Овалната соба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ретко ваквите тензии се толку очигледни пред светските камери, пишува британскиот медиум.

Во еден момент, украинската амбасадорка во САД се фати за глава, очигледно незадоволна од начинот на кој се одвива состанокот.

Овие тензии се создаваат веќе некое време, вели Би-би-си.

Договорот за ретки минерали меѓу САД и Украина не е потпишан, според портпаролот на Белата куќа. Претходно денеска, Трамп рече дека двајцата ќе го потпишат за време на нивната заедничка прес-конференција, која потоа беше откажана.

Атмосферата вечерва не можеше да биде поразлична од таа при посетата на британскиот премиер во Белата куќа.

Што е следно?, прашува Би-би-си. Самитот в недела, чиј домаќин е Кир Стармер, добива уште поголемо значење, додека Европа колективно се обидува да смисли како реагира на распадот на односите меѓу Вашингтон и Киев пред очите на целата светска јавност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ