сабота, 27 јули 2024

Би-би-си: Израел фатен на спиење, голем пропуст на разузнавачките служби

Ненадејниот напад на Хамас врз Израел е колосален неуспех на израелските разузнавачки служби, изјави во саботата експертот за безбедност на Би-би-си, Френк Гарднер.

Објавено на

часот

Сподели

Израел има најраспространета и најсофистицирана разузнавачка мрежа на Блискиот Исток, и домашна и странска.

Има информатори инфилтрирани во милитантни групи не само на палестинските територии, туку и во Либан, Сирија и на други места.

Во минатото, тие можеа да убиваат водачи на милитантите со прецизни напади користејќи беспилотни летала или дури и со мобилни телефони со експлозив.

Меѓутоа, со овој напад на Хамас на крајот на еврејскиот празник, Израел се чини дека е фатен на спиење.

Се чини дека милитантите успеаја да планираат и да започнат внимателно координиран напад врз Израел во целосна тајност.

Нема сомнеж дека Израел ќе возврати со голема сила. Но, Израелците сега ќе се прашуваат зошто нивните шпиони не знаеле дека ова се подготвува и не ја предупредиле земјата за тоа, заклучува Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ