сабота, 27 јули 2024

Безуспешен обид на Русија да се врати во Советот за човекови права на ОН: Бугарија и Албанија добија повеќе гласови

Русија не успеа вчера да се врати во Советот за човекови права на Обединетите нации бидејќи нејзините противкандидати освоија значително повеќе гласови на изборите во Генералното собрание на ОН, кои се сметаа за клучен тест за напорите на Западот да ја изолира Москва.

Објавено на

часот

Сподели

Русија за време на тајното гласање добила 83 гласа, Бугарија 160 а Албанија 123.

Источноевропските земји беа во конкуренција за две места во Советот за човекови права, со седиште во Женева.

„Членките на Обединетите нации му испратија силен сигнал на руското раководство дека на владата одговорна за бројни воени злосторства не ѝ е тука местото“, кажа Луи Шарбоне, директор за Обединетите нации во организацијата Хјуман рајтс воч.

Русија беше исфрлена од Советот пред една и пол година, во рамки на дипломатската акција предводена од САД.

Висока руска функционерка ја обвини Америка дела вложила напори без преседан да обезбеди Русија да не биде во Советот за човекови права.

„Соединетите Држави ја водеа кампањата за Албанија. Таа кампања, директно насочена против нас, е без преседан“, кажа заменичката на рускиот амбасадор во ОН Марија Заболотскаја.

Меѓу победничките на гласањето во вторникот се и Кина и Куба. Тригодишниот мандат на новите членки почнува на 1 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ