понеделник, 13 јануари 2025

Безос: Мислам дека Маск нема да го искористи Трамп за да ја поткопа мојата вселенска компанија

Основачот на Амазон Џеф Безос рече дека не мисли дека извршниот директор на Спејсекс Илон Маск ќе ги искористи своите блиски врски со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за да ја поткопа неговата вселенска компанија Блу ориџин, додавајќи дека се чувствува „многу оптимистично“ за вселенската агенда на претстојната администрација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Илон беше многу јасен дека го прави ова за јавен интерес, а не за своја лична корист. И јас го земам тоа здраво за готово“, рече Безос, основач на Блу ориџин, конкурент на Спејсекс во вселенската индустрија, во вчерашното интервју за Ројтерс.

Разговорот се одржа во Кејп Канаверал, Флорида, каде Безос ќе го гледа првото лансирање на Њу Глен на Блу ориџин, ракета со висина од 30 ката, за која се очекува да ја наруши доминацијата на Спејсекс на пазарот и да го започне долго одложуваното влегување на Блу ориџин на пазарот на лансирање сателити.

Маск, кој потроши повеќе од четвртина милијарда долари помагајќи му на Трамп да биде реизбран за претседател, има влијание врз него на теми поврзани со истражување на вселената.

Минатиот месец тој рече дека Соединетите Држави треба да испратат мисии директно на Марс наместо прво да одат на Месечината, што предизвика загриженост во индустријата за можен голем потрес во програмата за истражување на вселената на НАСА.

„Мое мислење е дека треба да ги направиме и двете – треба да одиме на Месечината и на Марс. Она што не треба да го правиме е да ги започнуваме и запираме работите. Секако треба да продолжиме со лунарната програма“, рече Безос на прашањето дали е загрижен заради промените во програмата на НАСА за повторно слетување на Месечината.

Се очекува Трамп да направи големи промени во лунарната програма на НАСА во својот втор претседателски мандат и силно да се фокусира на испраќање мисии на Марс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ