сабота, 27 јули 2024
Катастрофални навики

Безмилосни со природата, 10 дена по чистењето пак никнала депонија накај струмичките Цареви Кули

Објавено на

часот

Сподели

ЈПКД „Комуналец“ објави дека и покрај можноста да се пријави отпадот и да биде подигнат, некои граѓани безмилосно го истураат насекаде уништувајќи ја животната средина.

„Со тоа ја поништуваат нашата работа и ангажманот на многу групи и здруженија на граѓани кои работат за почиста животна средина. Да престанеме да фрламе ѓубре насекаде за да имаме почиста општина“, апелираат од комуналното претпријатие.

Тие ги информираат граѓаните дека подигање на отпадот можат да пријават на телефонскиот број 13-110 кој работи 24 часови, 7 денови во неделата, по што отпадот ќе биде соберен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ