среда, 15 јануари 2025

Бездомник на Галичица ноќе запалил оган за да се стопли и заспие

Вработен во Националниот парк Галичица вчера претпладнето забележал едно лице крај запален оган. Веднаш бил приведен. Утврдено било дека се работи за бездомник од Охрид кој ноќта спиел до оган за да се затопли.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 11.15 часот во полициската станица Ресен, одговорно лице во Национален парк Галичица пријавило дека на место викано Асан Џура затекнало лице кое запалило оган на отворен простор, кој веднаш бил изгаснат од вработени на националниот парк.

Полициски службеници од Полициската станица Ресен излегле на местото и било констатирано дека се работи за А.И.(74) од Охрид, кој е бездомник и кој изјавил дека ноќта ја поминал на местото каде што запалил оган за да се стопли без намера за подметнување на пожар. Констатирано е дека лицето сторило прекршок по член 53 од Законот за шуми“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ