Со седатирање и анестезија што се применува единствено во овој Центар, сите стоматолошки зафати, од минимални, рутински до сложени орално-хируршки процедури, се изведуваат без пациентот да почувствува било што.
Особено внимание се посветува токму на пациентите кои имаат посебни потреби, за сите оние кои се плашат или имаат состојба која бара целосна анестезија без разлика дали се деца или возрасни. Изведувањето на сите зафати заедно со тим од анестезиолози кои го седираат и потоа континуирано го мониторираат пациентот, овозможува безбеден, мирен и безболен зафат. Вообичаено на овие пациенти се применува лесна седација или целосна анестезија во зависност од случајот. Предноста е во тоа што по завршената интервенција, тие по само 2 часа заминуваат дома. Зафатите кои можат да се спроведат со ваков протокол варираат од минимални стоматолошки зафати до сложени орално-хируршки процедури.