сабота, 1 март 2025

Без возачка и „мртов пијан“ 23-годишен возач од Дебар ѝ бегал на полицијата

Дебранец со голема брзина, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, со патничко возило мерцедес се движел низ градот.

Објавено на

часот

Сподели

„На улицата ‘Есат Мезелџиу’ во Дебар, во 1:30 часот полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода А.Љ.(23) од Дебар. Тој, претходно, на улица ‘Јусуф Багери’ во Дебар, управувајќи  возило мерцедес со дебарски регистарски ознаки, не застанал на полициската патрола, од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај и се дал во бегство“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.

Набргу, по преземени мерки, тој бил сопрен на улицата „Есат Мезелџиу“ и било констатирано дека не поседувал возачка дозвола и дека возилото го управувал под дејство на алкохол.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ