петок, 26 јули 2024

Без победник на дербито во Струга, Шкупи останува лидер

Струга и Шкупи одиграа интересен натпревар со исклучително возбудливо второ полувреме кое заврши без победник 2-2.

Објавено на

часот

Сподели

Дербито меѓу Струга и Шкупи ги надмина очекувањата. А возбудувањата почнаа уште рано во мечот кога во третата минута Ибраими промаши пенал.

Резултатот конечено беше отворен во 54. минута кога Шабани донесе водство за Струга од 1-0.

Во 66. минута Гронер го изедначи резултатот на 1-1, а само две минути подоцна Радески го врати водството на Шкупи на 2-1.

На 15 минути до крајот Рватубаје изедначи на 2-2 што беше и конечен резултат на натпреварот.

Радиќ можеше да донесе победа за Струга, но неговиот заврши во пречката.

По 20 одиграни кола Шкупи остана лидер со 42 бода, Струга е втора со 41, утре Шкендија ако го победи Гостивар ќе се израмни бодовно со актуелниот шампион.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ