Дербито меѓу Струга и Шкупи ги надмина очекувањата. А возбудувањата почнаа уште рано во мечот кога во третата минута Ибраими промаши пенал.
Резултатот конечено беше отворен во 54. минута кога Шабани донесе водство за Струга од 1-0.
Во 66. минута Гронер го изедначи резултатот на 1-1, а само две минути подоцна Радески го врати водството на Шкупи на 2-1.
На 15 минути до крајот Рватубаје изедначи на 2-2 што беше и конечен резултат на натпреварот.
Радиќ можеше да донесе победа за Струга, но неговиот заврши во пречката.
По 20 одиграни кола Шкупи остана лидер со 42 бода, Струга е втора со 41, утре Шкендија ако го победи Гостивар ќе се израмни бодовно со актуелниот шампион.