Првото полувреме од денешниот натпревар донесе многу возбудувања. Вардар тргна офанзивно од првата минута, меѓутоа Шкендија прва дојде до водство. Решат Рамадани успеа да го совлада голманот Михаил Талевски со одличен удар од далечина во 21. минута.
Сепак, Вардар брзо возврати. Само четири минути подоцна Спахиу погоди за 1-1.
Продолжи Вардар да напаѓа и по изедначувачкиот гол, а исто така и Шкендија знаеше на моменти да се закани.
Второто полувреме не донесе толку офанзивен фудбал и гледавме игра со помалку шанси.
По ова реми на Шкендија, Силекс кој има 45 бода има шанси со победа утре против Брера да дојде на само два бода од тетовскиот клуб кој е лидер. Вардар пак стигна до 22 бода со кои се наоѓа на осмата позиција.