петок, 26 јули 2024

Без огномет новогодишната прослава на главниот плоштад во Скопје

Без огномет ќе помине прославата на Новата година на главниот плоштад Македонија во Скопје. Од Градот велат дека средствата кои вообичаено се издвојуваат за ваков спектакл овојпат ќе одат во хуманитарни цели, а прославата може да мине со музика. За голем дел од граѓаните ваквотоо образложение е прифатливо имајќи предвид дека огнометот не чини малку пари, трае кусо, а влијае лошо на ионака загадениот воздух во центарот на Скопје, носи соодветни безбедносни ризици, но и предизвикува стрес кај дел од граѓаните како и кај домашните животни, особено на кучињата и мачките на што постојано апелираат невладините организации кои бараат и поголема контрола на нелегалната продажба и употреба на петарди.

Објавено на

часот

Сподели

Новата година треба да биде надеж за подобро утро за сите, нагласуваат од градот.

„Со тоа продолжуваме со поддршка на сите хуманитарни, граѓански и невладини организации со надеж дека ќе успееме да направиме Новата 2024 година да донесе нова надеж кај сите граѓани“, нагласуваат од Град Скопје.

Инаку, на плоштадот „Македонија“, Комората на музичка индустрија во соработка со Град Скопје организираат новогодишна програма која започна во 20 часот. И по лудата ноќ музичка програма ќе има до 7 јануари.

Градот во центарот е исполнет со луѓе, а фреквенцијата се зголемуваше од пладне, кога немаше угостителски објект кој не беше исполнет до последно место и во кои се одвиваше забава. Во Скојпје станаа традиција денските рославувања на 31 декември.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ