сабота, 27 јули 2024

Без капитенот Стефан Ристовски ќе ја почнеме новата сезона во Лигата на нации

Објавено на

часот

Сподели

На денешната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски соопшти дека поради повреда на стопалото, Стефан Ристовски отпаѓа од комбинација, а Ердал Ракип е ослободен поради приватни причини.
 
На претходно објавениот список ги немаше ниту Аријан Адеми и Адис Јаховиќ кои се ослободени поради напорната сезона и честите повреди.
 
„Ристовски има контузија на стапалото, тоа е сериозна повреда иако деталните снимки покажуваат дека нема скршеница, но има оток и ќе треба да направи нови снимки, мора да паузира“, изјави Милевски.
 
Во отсуство на Ристовски, Енис Барди ќе биде капитен.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ