Без изненадување на драфтот во НБА, Сан Антонио како прв пик го одбра Виктор Вембањама.
Стручњаците и аналитичарите имаат големи очекувања од француското „чудо од дете“ и сметаат дека тој може да испише историја.
Шарлот бираше втор и се реши за Брендон Милер од универзитетот Алабама, додека пак Портланд го одбра Скот Хендерсон како трет пик.
Потоа следат близнаците Амен и Усар Томпсон, кои како четврти и петти пик завршија во Хјустон, односно Детроит.
The 2023 #NBADraft presented by State Farm is complete! pic.twitter.com/2js7HXZE71
— NBA (@NBA) June 23, 2023