сабота, 27 јули 2024

Бесплатно образование за сите: бивша професорка донираше милијарда долари за колеџ

Медицинскиот колеџ „Алберт Ајнштајн“ во Њујорк ја укина школарината, благодарение на донацијата од милијарда долари од поранешната професорка на таа институција Рут Готесман (93), која целото свое богатство го вложила во идните колеги.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Поранешната професорка на Медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн во Њујорк Рут Готесман ѝ донираше милијарда долари на школата за стипендии за сите студенти, што е најголемиот подарок од ваков вид досега во САД, соопшти колеџот.

Како што се наведува, поранешната професорка ја направила донацијата благодарение на богатството на својот сопруг Дејвид Готесман, финансиер од Волстрит, кој починал во септември 2022 година.

Готесман почнала да работи на колеџот во 1968 година, а за време на нејзината кариера истражувала потешкотии во учењето кај децата и креирала програма за описменување на возрасни.

Благодарение на нејзината донација, на сите сегашни редовни студенти колеџот ќе им ја плати школарината за пролетниот семестар од 2024 година, а потоа воопшто нема да наплаќа школарина. Школарината е околу 60.000 долари годишно.

Колеџот, кој има околу 1.100 студенти, се наоѓа во Бронкс. Бронкс е најсиромашниот дел на Њујорк и се смета за „најнездрав“.

Д-р Готесман рече дека му е многу благодарна на својот покоен сопруг, Сенди, што ѝ ги оставил средствата и се чувствува благословена што може да му ги донира на колеџот.

Во интервју за Њујорк тајмс, таа рече дека нејзиниот сопруг ѝ оставил цело портфолио акции во тестамент со упатство да прави со нив што сака. „Сакав да ги финансирам студентите на ‘Ајнштајн’ за да имаат бесплатна школарина. Има доволно пари за тоа да трае вечно“, рече таа.

Таа додаде дека понекогаш се прашува што би рекол нејзиниот сопруг за одлуката што ја донела.

„Се надевам дека се смее и дека не се мурти. Ми даде шанса да го направам тоа и се надевам дека би бил среќен. Се надевам“, истакна таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ