сабота, 27 јули 2024

Бесплатни онлајн курсеви за кандидати за испит за стипендии во ПСУ Јахја Кемал

ПСУ Јахја Кемал, во своите приватни училишта низ државата, нуди бесплатни онлајн курсеви по математика и логика за учениците кои сакаат да полагаат испит за стипендии. Испитот  за стипендии ќе се одржи на 7 април, а онлајн курсевите се дизајнирани да им помогнат на учениците да се подготват за испитот.

Објавено на

часот

Сподели

Онлајн курсевите се отворени за сите заинтересирани, кои сакаат да се школуваат во нашите училишта. Покрај онлајн курсевите, ПСУ Јахја Кемал нуди и други можности за сите ученици кои сакаат да добијат стипендии. Тука спаѓа испитот за стипендија по математика-физика во сите свои училишта што ќе се одржи на 18 февруари и испитот за стипендија по англиски јазик во образовната единица Тетово – Боговиње што ќе се одржи на 16 март. Овие испити се отворени за сите ученици кои ги исполнуваат критериумите за подобност и можат да ги покажат своите знаења и вештини по соодветните предмети. Испитите ќе се реализираат на мајчиниот јазик на учениците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ