Изборот на лицата ќе се направи вечерва преку лотарија што со почеток во 22 часот ќе се одржи во живо на првата програма на Македонската телевизија.
Трошокот за железничкиот превоз го покрива Владата на Република Македонија, додека билетите се набавени од страна на АД Макстил.
„Со ова веруваме дека ќе се даде дополнителна поддршка и стимул на утрешниот натпревар на македонската ракометна репрезентација“, се вели во соопштението од Владата.