Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата на ПОЦ ќе продолжи на 2 јануари (четврток) со вообичаено работно време.
„За време на божиќните празници на 6 јануари (понеделник), 7 јануари (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за граѓаните. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и издавање на договори во дирекцијата ќе продолжи на 8 јануари 2025 година (среда) со вообичаено работно време“, информираат од ПОЦ.
Депото на „пајак“ службата на ПОЦ ќе работи 24/7 за време на празниците, како и паркиралиштето дилајла кое е со автоматска наплата.